Подготовка
Од млекото и пудингот со 9 лаж.шеќер вариме крем оставаме да се излади. Кремот од како ќе ни се излади го соединуваме со матената слатка павлака. Околу 200мл. од слатката оставаме за филување одозгора.
Во врелиот пудинг пред да го соединиме со слатката павлака ја додаваме чоколадата мешаме додека не се стопи. Изладениот крем тогаш го соединуваме со павлаката.
Филот е готов.
Бисквитите ги натопуваме со млеко и инстант кафе и редиме во ростер тава филуваме повторно редиме бисквити фил,  ред пишкоти повторно фил и на крај матената 200мл.слатка павлака.
Наросуваме со какао, колачот го ставаме во фрижидер најмалку 4 часа.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани