Испечати

Лажен чизкејк со путер од кикирики и банани(без печење)

Лажен чизкејк со путер од кикирики и банани(без печење)

Состојки

  • за подлога
  • 100 гр путер
  • 180 гр мелени бисквити
  • За кремастиот дел
  • 200 гр путер од кикирики
  • 15 гр желатин
  • 150 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 200 гр кисела павлака
  • 250 мл слатка павлака
  • 3 лажици сок од лимон
  • 2 банани
  • 50 гр рендано чоколадо
  • За чоколаден ганаж
  • 150 гр чоколадо
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

1. Го растопуваме путерот и го соединуваме со бисквитите.
2. Целата смеса ја распоредуваме во намрсен со путер калап со обрач бр. 22. Ја ставаме во фрижидер да се стегне.
3. Желатиног го растопуваме во 60 мл вода, па го ставаме кратко на ниска температура да се стопи.
4. Во киселата павлака го ставаме шеќерот и интензивно мешаме до растопување на
шеќерот.

5. Во оваа смеса ги додаваме блендираните банани со лимонов сок и путерот од
кикирики. Две три лажици од оваа смеса ставаме во желатинот и соединуваме. Го
истураме желатинот во садот и матиме со миксер.
6. Кон оваа смеса ја додаваме и изматената слатка павлака и ренданото чоколадо
Ја распоредуваме смесата врз подлогата. Оставаме во фрижидер неколку часа.
7. Ја загреваме слатката павлака до вриење па го растопуваме чоколадото во неа.Со ганажoт го премачкуваме чизкејкот, откако сме го отстраниле обрачот.
8. Украсуваме по желба, кај мене со матена слатка павлака , чоколадни трошки и
крокант од лешници.