Лажен хот дог
Еве предлог за многу брз и вкусен доручек или вечера.
Најпрво малку се загрева киселата вода, па се додаваат квасецот и сите други состојки.
Се измешува убаво со вилушка да биде смесата мазна.
Се остава 10 минути на страна квасецот да се активира.
Сега секоја виршла по желба се премачкува со малку сенф и се завиткува во парче кашкавал.
Се зема една кора, со четка се премачкува убаво со кашичка, во средината се става една замотана виршла, краевите на кората се ставаат навнатре и се витка ролатче.
Така се постапува се додека не се истроши целиот материјал.
Се редат во плех, се премачкуваат со остатокот од кашичката, се наросуваат со сусам и се печат.
Но јас денес направив двојна комбинација, со цел да ги задоволам вкусовите на сите дома.
Пола ги направив како хот дог, а на половина кори ставав фил од пропржено мелено месо на малку сецкан кромид, зачинето со бибер, зачин, оригано и малку доматно пире.
Вкусот е фантастичен и на 2 комбинации.
Пријатен апетит
Дозата која е назначена со количина на виршли (јас користев со кашкавал) и кашкавал се однесува на 500 гр кори( околу 20-25) доколку се танки корите.
Значи колку кори толку виршли и парчиња кашкавал ќе ви требаат.
Кашичката останува со истите количини.
Лиценца: Сите права се задржани