Кукис
1. Се матат јајцата со шеќерот, да се соединат. Се додава растопениот путер и се мати за да се изедначи смесата. Се додаваат другите состојки и се меша со лажица додека се спојат сите состојки и додека не почне да се одделува од ѕидот на садот.
2. Тестото се истура на набрашнета површина и се меси глатко и меко тесто. Се сука кора во дебелина од 1/2 см и се вадат формички со мала чаша. Се редат во плех со пак папир(на растојание) и се печат 15 мин. на 200 ст.Ц.
Ова е многу убав и едноставен рецепт за американските колачиња, познати како КУКИС. Ако не ви се допаднат(во што се сомневам), можете да ги искористите за сликање, како што направи `мајсторот` што ги правеше формичките.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови