27
ное
2013
Кукис
Изматете ги јајцето и шеќерот, додајте ја солта.
Растопете го путерот и додадете го со пецивото и брашното.
Чоколадото исецкајте го и додадете го во тестото.
Тестото ставете го во фрижидер околу 30 минути.
Правете малечки топчиња од околу 25гр. и редете ги на хартија за печење доволно оддалечени.
Печете 10 мин на 240 степени .
Оставете ги да се изладат.
Јас од оваа смеса направив околу 24 бисквитки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови