Кукис со прелив и бадеми
1. Јајцата, шеќерот и маргаринот ги матиме, ги додаваме исецканите на коцки чоколада, какаото, брашното и пецивто, убаво мешаме со дрвена лажица. Добиената смеса ја оставаме во фрижидер 20 минути.
2. Сместа ја делиме на два дела. Од секој дел правиме кора дебела 1 см. Печеме во плех на кој претходно сме ставиле хартија за печење.
3. Печеме во загреана рерна на 190 степени 20 минути. Потоа колачот го оставаме да се излади и го сечеме на правоаголници со дебелина од 1-2 см. Печеме уште 10 минути на 160 степени.
4. Поготовка на преливот - слатката павлака и чоколадото ги ставаме на оган да се добие хомогена смеса.
5. Изладените колачиња ги прелеваме со преливот и посипуваме врз нив сецкани бадеми.
Лиценца: Сите права се задржани