Крофниве се многу миризливи и меки.
Прво коцката квасец се дроби и во неа се додава млакото млеко и шеќерот.
Не се чека да се активира квасецот туку веднаш се додаваат маслото, брашното, солта и кората од портокал.
Се замесува мазно не лепливо, а меко тесто.
Тестото се остава на топло за да се дуплира.
Од стасаното тесто се сучи кора дебела околу 7-8 мм.
Се вадат форми со чаша и се пржат на загреано масло од двете страни по околу 2-3 минути.
Пржените крофни обилно се посипуваат со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови