Испечати

Крофни

Крофни

Состојки

  • 500 мл млеко
  • 1 чаша (200 мл) масло и уште еден литар за пржење
  • 2 г.л. шеќер
  • 5 жолчки
  • 1 пресен квасец
  • 1 ванилин шеќер
  • 1,2 кгр брашно (може и малку повеќе)

Подготовка

Нај убавите крофни кои редовно ми успеваат и остануваат најдолго време меки.

Жолчките, маслото, млекото и шеќерот се маткаат заедно со маткало, му се додава рендана кора од лимон, ванилиниот шеќер и квасецот претходно стасан во малку млака вода. Пополека се додава брашно. Мене ми влезе кило и пол, ама можеби малку повеќе вода ставив со квасецот, инаку влегува околу 1,2 до 1,3 кг брашно.
Се зафаќа тесто по на меко кое убаво се меси подолго време. Се остава да скисни во ванглата. Кога ќе се удвои волуменот, се премесува уште еднаш и пак се остава да скисни. Кога и по втор пат ќе нарасне, само го превртуваме нежно тестото на набрашнета работна маса и со оклагија рассукуваме кора со дебелина колку 2см. Се сечат со чаша или со модла крофните и се редат на набрашнетата маса да киснат уште еднаш покриени со кујнска крпа. Кога ќе скиснат се пржат во врело масло. Се ставаат прво со горната страна во маслото.

Излегуваат многу и се преубави. Со белките кои ми останаа подготвувам прекрасен куглоф кој ќе го опишам во следен рецепт.