Крокети од компир
На оган ги ставаме компирите да се сварат.
Откако се сварени, им ја отстрануваме лушпата и ги пасираме.
Додаваме редано сирење, мешан зачин, јајце, сол и брашно.
Месиме убаво со рака.
Од рестото правиме ќебапи, а во нивната средина ставаме стапче од салама.
Го завиткуваме добро и го валкаме во брашно, па потоа во јајце, а на крајот во лебните трошки.
Така подготвените крокети ги пржиме во загреано масло.
Пржиме додека не заруменат.
Многу се вкусни и лесни за јадење.
Можат да бидат добро мезенце за со пиво и вино....
Внатре во крокетите можете да ставите и стапче од кашкавал.
На здравје со прекрасните крокети.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови