Крокети од компир
Состојки
- 1кг компири
- 200 гр сирење (рендано ако е тврдо)
- 1 јајце
- 1 лажица мешан зачин
- 1/2 лажиче црн бибер
- 1/2 лажиче сол
- 3-4 лажици големи брашно
- 100 гр салама (сецкана на стапчиња)
- 100 гр лебни трошки
- 1 јајце (за валкање на готовите крокети)
- 100 гр брашно (за валкање на готовите крокети)
- 200 -300 гр масло
Подготовка
На оган ги ставаме компирите да се сварат.
Откако се сварени, им ја отстрануваме лушпата и ги пасираме.
Додаваме редано сирење, мешан зачин, јајце, сол и брашно.
Месиме убаво со рака.
Од рестото правиме ќебапи, а во нивната средина ставаме стапче од салама.
Го завиткуваме добро и го валкаме во брашно, па потоа во јајце, а на крајот во лебните трошки.
Така подготвените крокети ги пржиме во загреано масло.
Пржиме додека не заруменат.
Многу се вкусни и лесни за јадење.
Можат да бидат добро мезенце за со пиво и вино....
Внатре во крокетите можете да ставите и стапче од кашкавал.
На здравје со прекрасните крокети.