Крем супа од компири
Зеленчукот исчистете го, измијте го па исечкајте го. Во едно поголемо и длабоко тенџере ставете малку зејтин и додадете ги кромидот, морковот и празот да се пржат. Откако убаво ќе омекне празот, додадете ги компирите и тие малку да се запржат.
Налејте ја водата, оставете да зоврие и ставете ја супата т.е. коцките за супа. Намалете ја температурата на средна и оставете зеленчукот да се вари некои 15-тина минути или додека компирите и морковот да омекнат.
Тргнете од оган и измиксирајте убаво со рачен блендер. Вратете повторно на оган, додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие со повремено мешање. Доколку сметате дека супата ви е прегуста, додадете малку вода.
Откако ќе зоврие, на крај додадете го и топеното сирење. Мешајте додека убаво се растопи.
За крај, посолете и побиберете по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани