Крем супа од грашок
Ова е многу брза и неверојатно вкусна супа, а може да се спреми со свеж или смрзнат грашок.
1. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пропржи во малку масло. Кога ќе стане стаклест додадете го компирот исечен на мали коцкички и на не многу силен оган динстајте ги околу 5 минути. Потоа додате го и грашокот и динстајте уште 5 минути.
2. Налејте ја водата и откако ќе проврие супата, варете ја уште околу 10 минути. За тоа време треба да бидат сварени компирите и грашокот.
3. Со рачен блендер испасирајте ја супата, пробајте ја, па зачинете ја по вкус.
4. Сипете ја во чинии и пред служење во секоја чинија ставете 1 лажица неутрална павлака и 1 лажица маслиново масло. Послужете со препечен леб.
Пријатен апетит!
Рецептот е прилагоден од рецепт на Џејми Оливер. Може да се додаде и половина корен од целер исечкан на коцкички, но мене не ми е баш омилен...
Лиценца: Сите права се задржани
Супата е многу вкусна, и Албетина потврди, па уште и фотогенична се погоди ;)
А за сликата, си знам... Се` се огледува вистински, ама може и полошо :) Оди кај мармаладот да видиш :D