Крем салата од зелка
Еве еден финтаџиски начин да натерате дете кое не сака да јади свежи зеленчуци, т.е. салати. Наместо со масло и киселина, ќе ја измешате со мајонез, па кога ќе додадете уште и од омиленото саламче кое во комбинација со мајонезот чуда од вкус прави, верувам дека нема да се пожала на зелката и морковот.
Подготовка
1. Исечкајте ја зелката како за салата, а морковот изрендајте го.
2. Саламата исечкајте ја на мали коцки, а магдоносот (кој не е обавезен, јас го додадов за визуелен ефект) ситно изечкајте го.
3. Измешајте еднаш, додадете го мајонезот и повторно измешајте. Доколку сметате дека има потреба додадете сол.
4. Додека јадев си помислив колку би било добро да ставев грашак наместо магдонос, па уште ако сакаме калории и малку кашкавалче, иако ваква како што е си беше одлична за јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ne znam sto e rabotata no ne mozam nikako da stavam lajk od telefon na nieden recept.
не ставив други додатоци, бидејќи мајонезот ми ги содржеше сите оние потребни за салата, и киселост и соленост и мрсност, ама секој со силата на вкусот ;)