Испечати

Крем салата од зелка

Крем салата од зелка

Состојки

  • 1/4 од голема зелка
  • 1 голем морков
  • 60 гр шункова салама
  • 2 лажици мајонез
  • малку магдонос (за боја на салатата)

Подготовка

Еве еден финтаџиски начин да натерате дете кое не сака да јади свежи зеленчуци, т.е. салати. Наместо со масло и киселина, ќе ја измешате со мајонез, па кога ќе додадете уште и од омиленото саламче кое во комбинација со мајонезот чуда од вкус прави, верувам дека нема да се пожала на зелката и морковот.

Подготовка

1. Исечкајте ја зелката како за салата, а морковот изрендајте го.

2. Саламата исечкајте ја на мали коцки, а магдоносот (кој не е обавезен, јас го додадов за визуелен ефект) ситно изечкајте го.

3. Измешајте еднаш, додадете го мајонезот и повторно измешајте. Доколку сметате дека има потреба додадете сол.

4. Додека јадев си помислив колку би било добро да ставев грашак наместо магдонос, па уште ако сакаме калории и малку кашкавалче, иако ваква како што е си беше одлична за јадење.