Дека не е секојдневната салата од зелка, проследете рецептот
1. Се сецкат или рендат кинеската зелка, обичната зелка и морковот и се мешаат.
2. Во врел зејтин за кратко ставете го спанаќот, потребно е само малку да лесно да овене. Извадете и додадете во мешавината од ренданите состојки. Осолете, закиселете, додајте бибер, се по вкус. Додадете го оладениот зејтин од спанаќот, доколку оцените дека е потребно уште слободно додадете. Значи, ќе дотерате по ваш вкус.
3. Пред самото служење додадете искрешени брускети со вкус на лук, измешајте.

Забелешка
- Малку салата остана од ручекот, не ја фрлив, остана во тањирот, за да после 3-4 часа се вратам и дојадам, сакам со ова да кажам дека одстојана заедно со брускетите ми беше уште повкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани