
13
ное
2019
Салата со пилешко и брускети
Пилешкиот стек сварете го и сечете на ситни парчиња.
Зелката ситно исечете ја.
Во сад ставете ja зелкатa, пилешкото месо, грашокот, посолете и промешајте.
На чинија во која ќе ја сервирате салата наредете сечени на парчиња краставица и патлиџан, врз нив ставете зелка со пилешко.
За прелив измешајте павлака со сок од лимон, додајте оригано, пола лажичка шеќер и пола лажичка сол, измешајте. Со овој сос прелијте салата. Одозгора наредете со брускети.
Добар апетит!