Одличен прилог за печено месо, колбаси или тоа што го сакате вие, па ако го обожавате компирот исто колку и јас и така самостојно.
Рецептот е со име Кремаст компир бр.2 затоа што веќе пред мислам четири години имам поставено рецепт Кремаст компир. Овој е малку поразличен, а исто така вкусен.

- Излупете го компирот и кромидот, исечете на плочки, ставете во тавата во која ќе се печи. Јас предлагам во поголемо тавче така да компирот биде малку разреден за да целиот се испече баш онака како што сите го обожаваме.
Додадете го лукот кој не го лупите ниту сечете, само одделете, измијте и ставете кај компирот. Овкусете на сол, додадете сувиот зеленчук, разбркајте.
- Во водата разматете го брашното, додадете кај компирот, добро разбркајте да се сите вкусови спојат.
- Додадете ја одозгоре и маста, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180-200 степени и оставете нека се пече околу половина час или толку колку што е потребно да се добро испече компирот. Претходно од додатокот на водата со брашно станува кремаст, па се потпечува.
Спојот на вкусовите со лук и кромид испечени заедно со компирот е супер.
Уживајте....
Јас комотно можам мезејки се со него и да се најадам. Навистина одличен.
Денеска правев со малку повеќе компир, ете не преценив тавката, па ми дојдоа малку така на густо ... но презадоволни сме сите. Ова е компир за прсти да излижеш. Жолт е толку многу затоа што е од планински црвен на лушпа компир... и нема веке тука што да раскажувам...се знае планинскиот компир кој вкус го има.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани