4
апр
2013
Кремасти чоколадни коцки
За кексот избијте ги јацата со шеќерот, па додајте ги и другите состојки. Испечете го во некоја правоаголна намрсена и набрашнета тава на 180 степени.
Потурете го со ладниот прелив од шеќер и вода, кој претходно сте го повариле околу 5 мин.
За кремот, сварете го пудингот со млекото и додека е жежок ставете го чоколадото да се истопи. Кога ќе се олади, измиксајте го со путерот. Ставете го преку кексот.
Павлаката за глазурата загрејте ја и во неа ставете го чоколадото, медот и путерот. Убаво промешајте. Потурете го колачот преку кремот. Ставете го во фрижидер убаво да се излади и да се стегне пред да го послужите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Stom se cokoladni odat vo omileni-kaj mene cokoladnata torta ne smee da izostane na niedna proslava:)