Крамбл со јаболки и праски
Ете сум и јас со мојата верзија на крамбл десерт. Како за прво испадна и подобро од очекуваното. Им се допадна на сите дома и исчезна уште пред да се олади =)))
1. Јаболките исчистете ги од средините и исецкајте на коцки (не ги лупев, ако сакате може да ги излупите) и ставете ги во сад на оган да провријат сосем кратко (2 мин.) за малку да омекнат (ова се прави за јаболките и праските да бидат приближно исто меки). Потоа извадете ги на поголема чинија и оставете да се изладат. Праските исто исецкајте ги на коцки, па додадете ги во чинијата и распоредете ги во еден ред. На страна во сад измешајте ги двата вида шеќер, густинот, циметот и моркото оревче па наросете преку овошјето и лесно со рацете измешајте за да се опфатат сите парчиња убаво.
Во керамички сад (или друг сад погоден за во рерна) претходно намрсен со малку маргарин распоредете го овошјето. Од горе ставете ги сецканите ореви и сокот од лимон.
2. Во друг сад ставете го брашното, пецивото, прстофат сол, двата вида шеќер и кората од лимон па промешајте со лажица. Додадете ги коцките ладен маргарин и поцнете да триете со рацете (не месете) додека не се добијат грутчиња од тесто. Ставете го преку овошјето и потоа во загреана рерна на 180С да се пече. Се пече доста кратко околу 20мин. (додека добие убава боја).
Оставете малку да се излади па со лажица сервирајте во чинија .. по желба наросете шеќер во прав.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани