Чизкејк крамбл со јаболки
Прекрасен, есенски десерт.. Фил од јаболки - во сад се соединува водата, кафеавиот шеќер, циметот и скробот. Смесата се истура во тенџере и се загрева до вриење. Се додаваат исецканите јаболки заедно со сокот од лимон, смесата се готви 10 - 12 минути, потоа се остава комплетно да се олади. Кора - Во поголем сад се соединува брашното, пецивото и солта. - Во друг сад путерот се миксира заедно со шеќерот, се додека путерот не стане пенест. Се додаваат јајцата и киселата павлака, смесата се миксира до соединување. - Постојано миксирајќи се додаваат сувите состојки, се миксира до соединување. - Смесата се истура во тава бр.21 обложена со хартија. Чизкејк - Крем сирењето се миксира заедно со јајцето и шеќерот. Смесата се истура врз приготвената кора, врз неа се пренесува подготвениот и оладен фил од јаболки. - За крамблот се мешаат сите состојки и се распоредуваат врз филот од јаболка. Питата се пече 40 - 50 минути на 175 степени. Комплетно се лади за да може да се исече. На здравје..