Кофтиња со месо и зеленчук
Идејата за ваква комбинација на ќофтиња ми дојде пред да го спремам денешниот ручек. Некој можеби ќе биде скептик за овој рецепт, но слободно нека го испроба. Ручекот беше навистина вкусен и за макање од сосот и ќофтенце, пробно ама успешно.
Најпрво ги мешаме спремените состојки за ќофтињата и правиме топчиња големина по желба. Ставаме околу литар и половина вода во подлабок сад или тава да зоврие убаво. Направените ќофтиња ги пропуштаме едно по едно во водата и ги оставаме да се динстаат на потивок оган околу половина час. А може и да пробате во меѓувреме дали се сварени. Во тавичка го ставаме зејтинот и брашното, зачини по вкус ќе си пробате сами колку да додадете, малку го запржуваме и го истураме во садот во кој ги динставме ќофтињата Ако е многу извриена водата во која ги динставме ќофтињата додаваме околу 200 мл врела вода или спрема желбата за густина на сосот. Промешуваме и оставаме уште десетина минути да проврие и ручекот е готов. Се надевам дека ке ви се допадне оваа моја идеја за ручек.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани