Мхмхмх...Што да кажам за рецептов, милина, многу сакам костени, а пак вака во колачиња, а бе лапни-голтни.

Подготовка
1. Ги вариме костените, ги ладиме и чистиме. Дел од нив ги блендираме, дел ги оставаме во парченца.
2. Чоколадото го рендаме.
3. Сите состојки ги соединуваме и смесата ја оставаме кратко во фрижидер, да се стегне.
4. Формираме бомбици во големина по желба.
5. Ги сервираме, ги преливаме со неколку капки кондензирано млеко и рендаме чоколадо врз нив.

Забелешка
Не сум ги правела со печени костени, ама мислам дека ќе имаат уште поубав шмек така да може и така да ги пробате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани