Подготовка:

1. Во блендер иситнете ги бисквитите, но не многу ситно. Префрлете ги во длабок сад и измешајте ги со кондензираното млеко. Додајте ги какаото и кокосовото брашно и убаво соединете ја смесата.

2. Од смесата формирајте бомбици, извалкајте ги во кокосово брашно и оставете ги во фрижидер најмалку 15 минути пред да ги послужите. Од оваа доза излегуваат 32 бомбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани