Испечати

Костен бомбици со кондензирано млеко

Костен бомбици со кондензирано млеко

Состојки

  • 250 гр варени костени
  • 60 гр кондензирано млеко
  • 60 гр чоколадо
  • 1 лажичка рум екстракт

Подготовка

Мхмхмх...Што да кажам за рецептов, милина, многу сакам костени, а пак вака во колачиња, а бе лапни голтни.

Подготовка
1. Ги вариме костените , ги ладиме и чистиме. Дел од нив ги блендираме, дел ги оставаме во парченца.
2. Чоколадото го рендаме.
3. Сите состојки ги соединуваме и смесата ја оставаме кратко во фрижидер, да се стегне.
4. Формираме бомбици во големина по желба.
5. Ги сервираме, ги преливаме со неколку капки кондензирано млеко и рендаме чоколадо врз нив.