28
окт
2013
Конфети ориз за прилог
Во средно големо тенџерче ставете ја водата, коцката за супа, сувиот кромид и путерот и загревајте на силен оган додека не зоврие. Додајте го зеленчукот, промешајте и оставете да се вари на средно силен оган, отворено, 5 минути.
Додајте го оризот, промешајте, додајте сол и бибер и варете отворено уште околу 5 минути.
Исклучете ја ринглата, затворете со капак и оставете да отстои 30 - 40 мин.
Кога ќе го отворите, цела вода е абсорбирана а оризот е сварен. Само размешајте со вилушка, дотерајте го вкусот, по желба посипете малку ситно сецкан магдонос и сервирајте како прилог.
Лиценца: Сите права се задржани
prilogov super, ai slikive apetitni :))