Компот од дуњи и ѓумбир
Ако на зима не ти замириса на компот дома, најверојатно не си дома :)
Дуњите убаво измијте ги, исчете ги на парчиња по желба и ставете ги во тенџерето со вода. Затворете го капакот и оставете да се варат.
За тоа време исчистете го ѓумбирот. Излупете ја кората и исецкајте го на парченца по желба. Додадете го и него во тенџерето.
Нека се варат додека не омекнат.
Се пие и топло и ладно. Нам не ни беше потребен засладувач, но ако сакате можете да додадете што и да користите дома. Оги синко сакал со МАДУНТЕ (маџунче) :)
Јас дуњите не ги лупев бидејки не беа прскани.
Компот како и секој компот што се прави, но комбинацијата ме воодушеви :)
Доколку не можете да ги изедете дуњите (или друго овошје што ќе користите) и ви остануваат, може да направите пудинг. Ќе поставам рецепт и за тоа :)
Лиценца: Сите права се задржани