Овој компот доста подсетува на куповниот, доколку сакате навистина таков компот овој рецепт како создаден за него. Во состојките не се напишани количински водата и шеќерот, а зошто е тоа така... ако внимателно проследите подготовката,ќе ви стане јасно. Повелете и читајте.

1. Излупете ги праските, преполовете и извадете семките, ставете ги во сад и прелијте ги со вода таман толку колку да се покријат праските.
2. Извадете ги праските од водата. Со чаша премерете ја водата и ставајки ја во тенџере, колку на број чаши вода сте измериле, толку чаши ставете шеќер.
3. Ставете ги водата и шеќерот да се варат, а во неа додадете го каранфилчето и циметот кој сте го заврзале во газа и само го пропуштите, а потоа најнормално извадете.
4. Наредете ги праските во теглите, во сирупот од шекќерот додадете вињакот, наполнете теглите, затворете и пастеризирајте ги 20-25 мин. и оставете да се оладат.
Уживајте во навистина прекрасен компот кој подсетува на конзервираниот куповен.

НАПОМЕНА
-Заради дечињата немора да ставите вињак.
-За полесно лупење на праските на кратко потопете ги во врела вода, па во ладна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани