Компируша со тегнети кори (посно)
Подготовка
1. Компирите ги лупиме, ги рендаме и ги зачинуваме, не користиме варени компири.
2. Се замесува тесто од сите состојки. Се дели на повеќе топчиња и секое се расукува со дијаметар од околу 20-25 см. Се мачкаат со масло и се оставаат да отстојат за да го впијат маслото едно 15 минути.
3. Потоа на чаршав ја тегнеме кората од сите страни, внимателно, за да не ни се скине. Ја попрскуваме со масло насекаде и ставаме од филот.
4. Го подигнуваме чаршавот лесно и кората се витка како тенок ролат и се полни со меурчиња воздух. Ролатот го виткаме во кружни или овални пити и ги редиме во намрсено тавче.
5. Ги оставаме додека да ја загрееме рерната на 220 степени и потоа ги печеме до поцрвенување.
Забелешка
Чаршавот заради дезинфекција и да не се умирисува од маслото кое капнува на него при тегнење на корите го ставам во замрзнувач, за да не го перам на секое тегнење, кога веќе само за тоа го користам.. Така прави мојата мајка така и јас.
Лиценца: Сите права се задржани