Пита компируша со готови кори и праз
Едноставна, посна пита
Прво компирите се лупат.
Се ставаат во сад со чиста вода за да не потемнат.
Потоа се сечат на мали коцки.
Нека стојат во водата.
На загреано масло се пропржува сецканиот праз.
Се додаваат исцедените коцки компир.
се зачинува.
се покрива со капак и нека се пржи околу 10 минути со повремено мешање.
на овај начин компирот е до половина веќе готов.
Потоа се зема една кора, многу малку се премачкува со масло, се става втора кора, па од филот со компири.
Се витка ролат.
Се редат во тава и се печат околу 30 минути на 200 степени.
Пред крај се премачкуваат со мешавината од растопен путер, сол, вода и се враќаат во рерна уште 2 минути.
Наместо праз може да се користи и црвен сецкан кромид.
Лиценца: Сите права се задржани