Исечкајте го празот и ставете го во тава да се пржи, да омекни.
Во длабок сад изрендајте ги компирите, предходно потполно оладени и измешајте ги со урдата, исечканите маслинки и додадете го пропржениот праз. Посолете, побиберете и измешајте.
На страна изматете го јајцето со јогуртот и измешајте го во смесата со компири.
Ставете го сето ова во помачкана тава и израмнете го. Одозгора изрендајте го кашкавалот.
Печете во загреана рерна од околу 200С некои 15на минути (провизорно време, а можно е и помалку), односно додека се запечат разматените јајца во смесата и кашкавалот одозгора се растопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани