
Колач со крем од јагоди
Подготовка на пандишпанот
 Јајцата изматете ги со водата, шеќерот и ванилата додека се удвојат и добијат светла боја. Потоа додајте го маслото и повторно изматете. На крај додајте го брашното измешано со пецивото и со мала брзина изматете да се изедначи.
 Смесата турете ја во намачкано со путер и набрашнато плехче и ставете го да се печи во загреана рерна на 180-190 степени околу 20-25 мин.
 Печениот пандишпан оставете го да олади и потоа попарете го со жешкото млеко.
 Подготовка на кремот
 Јаготките ставете ги во блендер и изблендирајте ги во кашеста смеса.
 Во еден сад ставете ги јајцата, пудингот, половина од шеќерот и изматете ги малку со миксер да се изедначат. Додајте ги јагодите и измешајте ги.
 Млекото и останатиот шеќер ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата и варете со постојано мешање додека се згусти. Тргнете го од огнот и додајте ја чоколадата искршена на коцки и путерот. Мешајте додека се стопат и изедначат.
 Кремот истурете го над пандишпанот, израмнете го и покриен оставете го во фрижидер да се олади и стегне.
 Готовиот колач украсете го со несквик, изматен шлаг и послужете го.
Лиценца: Сите права се задржани




















fala vi i milo mi e sto ve bendisa:))