Се вари сокот од јагоди со шеќерот и кога ќе почне да прави меурчиња се додава гризот, се меша полека додека се згусне. На страна се прави пудингот со 700 мл млеко. Кога е готов пудингот се трга на страна.
Во плехче се редат пола од бисквитите, одозгора се става пола од филот со гриз, врз него се ставаат половинки јагоди, а врз јагодите пола од пудингот, па повторно бисквити, фил од гриз, јагоди и пудинг. (филовите се топли)
Стопете го чоколадото со малку млеко и полијте го врз колачот. Украсете со цреши или по желба.
Оставете да се стегне во фрижидер.
Ова беше мојата роденденска торта од вчера
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови