Колач со диња и праски во тава
Изматете ги јајцата со шеќерот.
Потоа додајте го овошниот јогурт и маслото и кратко проматете.
Додавајте го постепено брашното измешано со пецивото и мешајте со жица за да не останат грутчиња.
На крај додајте ја ситно исецканата мента, праската и дињата исечени на коцки.
Измешајте убаво со лажица.
Тавата(нелеплива) во која ќе се подготвува колачот убаво премачкајте ја со путер и ставете ја да се загрее.
Нанесете ја смесата и со лажица оформете ја (се гледа на дополнителните фотографии).
Покријте ја тавата со капак и намалете го оганот на најтивко.
После 30 -35 минути тргнете го капакот и со помош на плиток сад (помал од тавата во која е колачот) првевртете го колачот и пак вратете го во тавата да се запече и од другата страна, околу 10-15 минути, секогаш огнот нека ви биде на најтивко и тавата покриена со капак.
Вака подготвениот колач оставете го да се олади и декорирајте го со кришки од праска и коцки диња.
Забелешка
Ќе напомнам уште еднаш дека треба многу да се внимава на јачината на огнот и повремено проверувајте го колачот бидејќи зависно на каква рингла го спремате не мора да значи дека секаде ќе бидат потребни 30 -35 минути за едната страна или 15 за другата, но сепак ако доволно ви е тивок оганот ова е приближното време за спремање на колачот.
Лиценца: Сите права се задржани