Пред да почните да го подготвувате колачот сите состојки нека бидат на собна температура.
Загрејте ја рерната на 180 Ц
На длабока тава за печење со големина 30 на 20 цм ставете хартија.
Во еден среден сад просејте го брашното со прашокот за пециво, циметот и солта. Оставете на страна.
Во еден поголем сад матете ги путерот, исцеденото крем сирење, шеќерот и ванилиниот шеќер на средна брзина, додека не добиете многу светла, пенлива смеса. Ако треба неколку пати со шпатула соберете ја смесата која ќе се лепи на ѕидовите од садот, за се да биде добро изедначено.
Едно по едно додавајте ги јајцата и тоа секое наредно дури откако претходното добро ќе се спои со основната смеса.
По малку додавајте ја мешавината со брашно, матејки со мала брзина и тоа само толку, колку да се спојат состојките и смесата да ви има изглед на ванила крем.
Со шпатула лесно измешајте ги коцките праски.
Истурете ја смесата во тавата, печете 45 - 55 мин, додека чепкалката забодена во средината на колачот не излезе чиста, а површината не добие убава златна боја.
Нека се подолади во тавата, околу 15 мин., а потоа извадете го колачот, посипете со шеќер во прав и оставете сосем да се олади.
За да не речи Лиле дека пак не почастив за наградата, еве, еден многу лесен, брз, а навистина вкусен колач за со кафе, чај, или ужина за дечките со млеко

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани