Колач од рендана тиква
Есенско време или време на тикви. Тиквата е нискокалорична, вкусна и здрав есенски деликатес.
Изобилува со витамин ц, бета-каротен, магнезиум, витамин Б, витамин Е, калиум, цинк и уште многу други. Има многу да се каже за тиквата, а јас ќе кажам како го подготвив овој убав десерт од тиква.
За да го подготвиме овој рецепт потребно е прво да ја изрендаме тиквата на јадрата страна од рендето.
Лупена, чистена од семки, ја рендаме.
И додаваме гриз и 2 лажици шеќер и убаво ја промешуваме.
На страна во длабок сад ги матиме јајцата со 2 лажици шеќер. Додаваме масло, млеко и цимет. Матиме да се соедини и го исклучуваме миксерот. Ја додаваме ренданата тиква. Промешуваме со лажица да се спои со јајцата. Плехот во кој ќе печеме го намастуваме со маргарин, а потоа со брашно го наросуваме. Вака подготвената смеса ја префрламе во плехот и ставаме да се пече на 180 степени околу 35 минути.
Кога е печено го вадиме од рерна и сечеме на триаголничиња.
Се јаде и топло и ладно. Мене искрено повкусно ми е топло. Можете да наросите шеќер во прав или цимет по желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Во рецептот стоеше вака како што јас го подготвив. Од почетокот и јас мислев дека тоа е малку и му ставив иста количина како што е пишано,но убаво полни лажиците со шеќер. И знаете што... за мој вкус преблаго. Можеби тиквата ми беше блага па ова му дојде многу. Затоа шеќер ставете си според тоа како вие сакате, во ваш вкус. Свекрва ми го бендиса колачов но и нејзе и беше многу благ ... Пробајте експериментирајте хахах.... па кажете. Одма ако го јадете уште топло, пазете зашто е кршливо... а кога ќе се излади оди цело парче...
Исто и за блажината некоја тиква е поблага,некоја не.
Јас погоре пишав дека поладна стои цело парче,а потопла се распаѓа.Се работи за вкус,сепак благодарам што ја проба.