Колач од рендана тиква
Состојки
- 1,5 кг тиква
- 2 јајца
- 3 лажици гриз
- 4 лажици шеќер
- 200 мл млеко
- 2 лажици масло
- 1/2 кесичка цимет
Подготовка
Есенско време или време на тикви. Тиквата е нискокалорична, вкусна и здрав есенски деликатес.
Изобилува со витамин ц, бета-каротен, магнезиум, витамин Б, витамин Е, калиум, цинк и уште многу други. Има многу да се каже за тиквата, а јас ќе кажам како го подготвив овој убав десерт од тиква.
За да го подготвиме овој рецепт потребно е прво да ја изрендаме тиквата на јадрата страна од рендето.
Лупена, чистена од семки, ја рендаме.
И додаваме гриз и 2 лажици шеќер и убаво ја промешуваме.
На страна во длабок сад ги матиме јајцата со 2 лажици шеќер. Додаваме масло, млеко и цимет. Матиме да се соедини и го исклучуваме миксерот. Ја додаваме ренданата тиква. Промешуваме со лажица да се спои со јајцата. Плехот во кој ќе печеме го намастуваме со маргарин, а потоа со брашно го наросуваме. Вака подготвената смеса ја префрламе во плехот и ставаме да се пече на 180 степени околу 35 минути.
Кога е печено го вадиме од рерна и сечеме на триаголничиња.
Се јаде и топло и ладно. Мене искрено повкусно ми е топло. Можете да наросите шеќер во прав или цимет по желба.
На здравје