15
јан
2015
Колачи со ѓумбир и узо
1. Путерот го матиме со шеќерот, ги додаваме јајцата и медот. Потоа ги додаваме пецивото, брашното, ѓумбирот и циметот и мешаме со дрвена лажица. Подготвената смеса ја ставаме во фрижидер 20 минути.
2. Од смесата правиме топчиња со големина на мал орев и ги ставаме на хартија за печење на растојание, бидејќи во текот на печењето се рашируваат и ја добиваат формата како на сликата. Печеме во загреана рерна на 170 степени.
3. Глазурата ја подготвуваме со мешање на шеќер во прав и узо, да се добие густа смеса.
4. Откако ќе се испечат, на секое колаче ставаме по малку од глазурата.
Лиценца: Сите права се задржани