Наскоро доаѓаат празници...
Кога имам вишок белки ги правам овие колачиња, нешто меѓу пуслици и кекси...

Загрејте ја рерната на 180 Ц.
На плехот од шпоретот ставете хартија за печење.
На сува тава или во рерна потпечете ги оревите, оладете ги и крупно исецкајте ги. Оставете ги на страна.
Во поголем сад за матење просејте го шеќерот во прав со какаото. Додајте ја солта, ванилиниот шеќер и оревите, па измешајте со жица.
Додајте ги белките и мешајте со жица ( не треба да матите ) додека добро да се соедини.
На хартијата во плехот спуштајте купчиња колку една голема лажица, на поголемо растојание.
Печете ги во загреаната рерна десетина минути. За време на печењето колаченцата ќе се рашират, ќе се надуваат, ќе испукаат и ќе станат сјајни, а потоа малку ќе спласнат и по рабовите ќе го изгубат сјајот. Тогаш се готови.
Заедно со хартијата префрлете ги на жица да се ладат, а на истиот плех ставете нова хартија и наредете нови купчина од смесата.
Од наведеното количество состојки јас испеков 36 колачина со пречник околу 5 цм.
Чувајте ги во добро затворена кутија на собна температура. Можат да се замрзнуваат, ама по одмрзнувањето иако вкусот е зачуван го губат сјајот и не се толку убави “за око“.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица

Сет тави за пица

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови