Колачиња со чоко смоки
Шеќерот, медот, чоколадото искршено на коцки и маргаринот иситнет на парчиња се ставаат на тивок оган да се растопат. Кога ќе зовријат, се тргаат од рингла и им се додаваат мелените бисквити и чоко смоките и убаво се промешува. Смесата се истура во тава 20х20 и убаво се рамни одозгора. Се остава на ладно да се здрви и потоа се сечи на поситни коцки.
-Во оригиналниот рецепт одозгора се прелива со 100 гр чоколадо, растопено со 50 гр маргарин и 2 лажици масло. Јас тоа не го направив, бидејќи поестетски ми изгледаа вака (за чудо).
-Наместо 2 пакетчиња чоко смоки, ставив едно и додадов уште 5 исецкани крем бананчиња.
-Некој ми го изел црното чоколадо, па ставив бело и плус една лажица какао, а намерно заради тоа користев црни бисквити, оние со какао.
Лиценца: Сите права се задржани
Inaku parcinjava izgledaat super:)
Лили и јас помислив така кога ги пробав уште не до здрвени, сепак се малку потврди од твоите фаџи, како нешто помеѓу нив и алвата од брашно.
Дани, смоките се ставаат во жешката смеса и не се топат, односно се топи само тенкиот чоколаден слој. Интересно е што крцкавоста на смоките им е најдобра после 2-3 дена, ако успеат да одстојат толку (кај нас за чудо, да. ги заборавија дека се тие во кутијата во фрижидерот).
Фала ти Слаџе. Ти ги препорачувам да ги пробаш. Верувам дека ќе ви се допаднат, посебно на малишанот кога ќе види и чоко смоки внатре ;) Во прапораката, за сите ќе додадам. Ставив бананчиња за да се добие поубав контраст на пресек, но моите дома ги одбираа парчињата каде имаше повеќе од смоките. Ги сакаат крем бананите, но овде сите идни пати веројатно е подобро со фул доза чоко смоки.