Колачиња со чоко смоки
Состојки
- 5-6 лажици шеќер
- 5 лажици мед
- 100 гр чоколадо
- 250 гр маргарин
- 200 гр мелени бисквити
- 160 гр чоко стоби флипс (2 кесички од поголемото паковање)
Подготовка
Шеќерот, медот, чоколадото искршено на коцки и маргаринот иситнет на парчиња се ставаат на тивок оган да се растопат. Кога ќе зовријат, се тргаат од рингла и им се додаваат мелените бисквити и чоко смоките и убаво се промешува. Смесата се истура во тава 20х20 и убаво се рамни одозгора. Се остава на ладно да се здрви и потоа се сечи на поситни коцки.
-Во оригиналниот рецепт одозгора се прелива со 100 гр чоколадо, растопено со 50 гр маргарин и 2 лажици масло. Јас тоа не го направив, бидејќи поестетски ми изгледаа вака (за чудо).
-Наместо 2 пакетчиња чоко смоки, ставив едно и додадов уште 5 исецкани крем бананчиња.
-Некој ми го изел црното чоколадо, па ставив бело и плус една лажица какао, а намерно заради тоа користев црни бисквити, оние со какао.