Смоквите ситно осецкајте ги, додадете ги мелените ореви и бисквитите и попарете ги со растопениот путер и чоколадо. Убаво измешајте за да добиете смеса која нема да биде течна и измесете ја со раце. Потоа смесата расучете ја со сукало и со калапчиња вадете форми по желба. Кога ќе ги направите сите колачиња натопувајте ги во претходно растопеното чоколадо со маслото. За да ви биди полесно чоколадирањето најубаво е чоколадото постојано да ви е над пареа. Секое колаче со чепкалка боцнете го и натопете го. Оставете да се здрви и украсете по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови