Испечати

Колачиња со смокви и чоколадо

Колачиња со смокви и чоколадо

Состојки

  • 500гр. мелени бисквити
  • 200гр. ситно сецкани смокви
  • 1500мл. топено чоколадо
  • 100гр. мелени ореви
  • 2-3 лажици растопен путер
  • За чоколадирање на колачињата
  • 300гр. растопено чоколадо
  • 6 лажици масло

Подготовка

Смоквите ситно осецкајте ги, додадете ги мелените ореви и бисквитите и попарете ги со растопениот путер и чоколадо. Убаво измешајте за да добиете смеса која нема да биде течна и измесете ја со раце. Потоа смесата расучете ја со сукало и со калапчиња вадете форми по желба. Кога ќе ги направите сите колачиња натопувајте ги во претходно растопеното чоколадо со маслото. За да ви биди полесно чоколадирањето најубаво е чоколадото постојано да ви е над пареа. Секое колаче со чепкалка боцнете го и натопете го. Оставете да се здрви и украсете по желба.