Интегрални колачиња со пиво, семки и чоколадо
Ептен вкусни колачиња кои совршени се со кафе или чај!
Препорачувам семките (слободно ставете неколку видови семки, до 500 грама се заедно) да си ги исецкате. Јас ставив семки од кајсија, златно ленено семе, интегрален сусам и сончоглед.
Брашното (заедно со интегралното), пивото, зејтинот, солта, пецивото и семките рачно се мешаат. Се расукуваат и со калап се прават округли форми. Се ставаат во тава на која има хартија за печење и се печат некои 7-8 минути на некои 200 степени (зависи до шпотерот).
Штом се испечат сите, на пареа стопете 200 грама чоколадо за готвење со 50 грама путер и ставете по една лажичка врз нив.
Сварете си кафе и уживајте со вашите колачиња!
Имајте убав ден!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
браво! :)
за вкусот не се сомневам :)