Козјо сирење во маслиново масло со зачини
Козјото сирење се сече на коцки. Во мали теглички се става еден ред од коцките сирење и се реде врз нив сецкано лукче, свеж магдонос, копар, рузмарин, суво оригано, мајчина душица и босилок и се наросува со малку чили и бибер (јас користев мешавина од 4 зрна бибер). Постапката се продолжува со следниот ред коцки од сирење, врз нив зачините и се така додека не се наполни теглото, во зависност од неговата големина. На крај се налева ладно цеденото маслиново масло. Се затвора и вака поготвеното сирење се остава да одстои најмалку 7 дена. Маслиновото масло прима арома од билките и сирењето и може да се користи и како додаток во некои салати за подобра арома. Самото сирење има прекрасна арома од маслиновото масло и зачините и е одличен деликатес за ексклузивна трпеза и како мезе со црно вино. А комбинацијата на сирење со маслиновото и зачините е вкус на кој неможете да останете рамнодушни. Па пријатен апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Сакав да прашам,може и со биено нели?
Kozjoto sirenje si go potrosiv, ama toa ne e precka! Ke si kupam drugo :)))
Ovoj nacin na podgotvuvanje redovno si go primenuvam, odlicno e za meze :) a ako maslinovoto maslo e kvalitetno i cuvano vo frizider, pa koga ke se zgusti da si go namackas prepecenoto lepce...mmmmmm...
Kombinacijata na zacini dava sloboda, jas cesto stavam i prepecen susam, sitno seckana suva piperka, ponekoe maslince, od onie crnite, mirizlivite, pa po nekoe zrnce kapari... milina :)
Поздрав Љубица