Проја со палента, козјо сирење, маслиново масло и оригано
Убедливо најдобрата проја што сум ја пробала. Навидум изгледа како класика, обична проја, но станува збор за проја која што има специфичен, прекрасен вкус и арома. Топло ја препорачувам на оние кои се љубители на домашно козјо сиренце, во комбинација со екстра маслиново масло, диво, јако оригано, лукче итн..
Подготовката е лесна
1. Во длабок сад убаво се мешаат сите наведени состојки (најдобро со миксер)
2. Во намрсена и набрашнета тава ја ставаме смесата
3. Печиме во добро загреана рерна на 250 степени околу 10 минути
4 .Оставаме барем малку да олади, а потоа ја сечиме на коцки
Добар апетит!
Совет
Внимавајте да не ја препечите. Може да ви изгледа дека не е готова, а всушност да е. Затоа, најдобро е со чепкалка да проверувате при крајот на печењето.
Лиценца: Сите права се задржани