Видео рецепт: Шпагети со лук и маслиново масло
Италијаните се мајстори за готвење едноставни рецепти во кои целата работа им ја препуштаат на состојките. Овој рецепт со тестенини потекнува од Рим и ако сакате да зготвите едноставно, но вкусно јадење кога ќе се вратите од работа, тогаш овој рецепт е токму за Вас.
Состојки
- 200 грама шпагети
- 2-3 чешниња лук
- 2 кафени лажици чили зачин
- една рака магдонос
- 50 грама пармезан
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Излупете го и исечкајте го лукот на крукчиња.
Ситно исечкајте го магдоносот. Него на крај ќе го ставиме во тестенините.
Чекор 2: Загрејте малку маслиново масло на средно тивок оган. Ова е исклучитечно важно. Потоа, ставете го лукот и почнете да го пржите. Не сакаме лукот да изгори, туку малку да се пропржи во маслото и да стане крцкав.
По неколку минути ставете го чили зачинот во маслото и лукот и дозволете состојките убаво да се измешаат. Оваа едноставна комбинација е неверојатна.
Кога состојките ќе се измешаат, тргнете ги од огнот.
Чекор 3: Варете ги шпагетите додавајќи маслиново масло и сол во водата.
Претпочитаме подебели шпагети затоа што нивната поголема површина ќе зафати поголема количина од сосот.
Внимавајте какви шпагети купувате – некои од марките кои можете да ги најдете во продавница се со многу лош квалитет, и кога подготвувате ефтин рецепт како што е овој, најдобро е да потрошите малку повеќе за шпагетите. Вашите гости ќе Ви бидат благодарни за тоа.
Повремено промешувајте.
Чекор 4: Кога тестенините ќе бидат готови, исцедете ги и ставете ги во тава со маслото, лукот и чили зачинот. Мешајте без престан со штипка додека тестенините не бидат покриени со целиот сос.
Кога ќе ги измешате, ставете го магдоносот и изрендајте го пармезанот.
Чекор 5: Време е за сервирање: Едноставно послужете ги тестенините во чинија ставајќи декорација од сирење и малку чили.
СОВЕТ: Нема да верувате колку е едноставен овој рецепт – 3 или 4 класични вкуса подготвени на вистински начин со квалитетни тестенини. Сигурни сме дека овој рецепт ќе стане редовно јадење во Вашиот дом кога немате многу време и намирници во домот. Шпагетите со лук и маслиново масло комбинираат состојки кои би требало секогаш да ги имате во домот.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки ; Касерола
Sekogas gi pravi maz mi,najednostavniot recept koj jas najcesto go utnuvam :) zatoa taa privilegija mu ja prepustam na maz mi.Hie gi sakame so suvi pipercinja.Sekako tajnata na ovoj recept e vo vnimatelno izbereni kvalitetni sostojki.