Ова се состојки за мал, силиконски калап на делимано. Или може да се користи калап со обрач 18 или 20цм. Препорака,дуплирајте ги состојките и печете во голем долгнавест калап за леб. Кексот е многу вкусен.

Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и матиме до побелување. Со исклучен миксер ги додаваме маслото и киселата павлака. Соединуваме.
2. Во еден сад ги соединуваме брашното, пецивото и др состојки. Промешуваме, да се обложат со брашното. Ги додаваме во вангличката. Соединуваме.
3.Смесата ја истураме во калапот. Печиме околу 30 минути. Проверуваме со чепкалка. Оставаме на решетка да се излади, па сечиме парчиња и сервираме.

Сакам да го јадам, додека не е потполно изладен, да се осети растопеното чоколадо, што се гледа и на сликата

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани