За сите чокољубци....десертов е лудницаааааа...
Моја препорака да го подготвите

Во касерола ги ставааме млекото, водата, некое зрно сол, путерот и шеќерот.
Мешаме и оставаме состојките да почнат по малку да вријаат.
Во еден сад ги соединуваме просеаното какао, сода бикарбона, брашното.
Овие состојки ги додаваме во касеролата и енергично мешаме. Ќе се формира топка од тестото.
Во жешкото тесто го додаваме искршеното чоколадо да се растопи.
Промешуваме и оставме да се излади смесата.
Сега со помош на миксер додаваме едно по едно јајце.
Од кога убаво ќе го впие смесата првото јајце, тогаш го додаваме и второто јајце.
Земаме шприц за тулумби и ставаме од смесата.
На плех кој е нелеплив или врз лист хартија за печење шприцаме еклери, одприлика со големина по 9-10 цм.
Го ставаме плехот во загреана рерна на 200 степени.
Така печиме 10 минути, а потоа малку ја намалуваме рерната и печиме одприлика уште 20 минути.
Внимаваме да не ни изгорат поради темната боја.
Испечените чоко еклери ги оставаме да се изладат.

Во вангличка го ставаме прашокот за крем и додаваме ладно млеко.
Матиме со миксер до постигнување на средна густина, 1 до 2 минути.
Сега изладените еклери ги сечиме на половина.
Со шприц прво обилно нанесуваме врз основата на еклерот, па ставаме кандирани вишни, кои повторно ги покриваме со крем.
Го ставаме и горниот дел на еклерот.
Постапката е иста со целиот материјал.
На крај прво декорираме со темно чоколадо, па со млечно растопено чоколадо.

Уживамеееее со секој залак

Забелешка:
доколку немате некој инстант чоко крем еве предлог за фил за полнење
2 пудинзи од чоколадо
6 лажици шеќер
600 мл млеко
100 гр слатка павлака
50 гр темно чоколадо
Ако немате кандирани вишни, може да се користат ситни јагоди, малини.....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани