Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат јајцата, ванилата и шеќерот. Се мати со миксер, до побелување на смесата, односно да го зголеми својот волумен. Со исклучен миксер, ги додаваме растопениот путер, маслото, киселата павлака. Промешуваме кратко.
2. Во сад ги соединуваме брашното, сончогледот, фстаците, вишните и пецивото. Промешуваме.
Овие споени состојки ги додаваме на претходната смеса. Убаво со лажица ја соединуваме и цела смеса ја истураме во долгнавест калап. Израмнуваме и печeме во загреана рерна, на 180 степени, околу 30 минути.
3. Сепак проверуваме со чепкалка дали кексот е печен. Го оставаме на кујнска решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани