Крем во чаша со кандирани вишни
1. Во сад на оган ставаме половина количина на млеко. Додаваме шеќер и ванила. Оставаме на тивок оган да се загрее.
2. Во сад ги соединуваме останатата количина на млеко, жолчка, густин и брашно. Промешуваме убаво. Оваа смеса ја додаваме во загреаното млеко и вариме на тивко до згуснување.
3. Во топлиот крем се додава и чоколадото и се меша да се соедини.
Нежно ја матиме слатката павлака и неа ја додаваме на готовиот крем
Убаво соединуваме.
Сервираме во чаши од кремот.
Одприлика на половина чаша, ставаме кандирани вишни.
Дополнуваме со крем.
Одозгора ставаме кандирани вишни. Јас ставив и по едно парче печено лиснато тесто
4. Чуваме во фрижидер 30 минути, па послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани
Uzivav, mmmm